Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем пожар во магацин во Москва

Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што избувна денеска во магацинот на електронската трговска компанија „Озон“ во градот Истра кај Москва, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на неименуван претставник на итната помош.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите на локалните медиуми и видеата на социјалните мрежи, во московскиот регион гори голем магацин.

Две лица се префрлени во болница, а деветмина добиле помош во Брзата помош, пренесува медиумот.

Според последните информации од Министерството за вонредни состојби, пожарот зафатил површина од 50.000 метри квадратни, а се претпоставува дека причините за пожарот се запалена и неисправна електрична опрема.

Снимката покажува огромен облак чад кој се издига од објектот, кој изгледа како магацин за компанијата за е-трговија Ozon, пишува „Sky News“.

Засега нема индиции дека пожарот е поврзан со војната во Украина.

Можете да прочитате

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра 

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин