Утрински Весник
Свет

(Видео) Германски министер лично вакцинираше деца против Ковид

(Видео) Германски министер лично вакцинираше деца против Ковид

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, лично вакцинираше две деца против коронавирус, во рамки на посетата на центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер.

„Голем број деца настрадаа за време на пандемијата. Треба да им обезбедиме вакцини“, рече Лаутербах.

Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.

Можете да прочитате

Поплави во Банкок, прогласена природна катастрофа

Британски планинар (28) паднал од врв во Шпанија и починал

Бразил воведува целосна забрана за онлајн обложување