Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ: Трамп ми подари клучеви од Белата куќа

(Видео) Вучиќ: Трамп ми подари клучеви од Белата куќа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По потпишувањето на договорот со Косово во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите зборуваше за подароците што ги добил од американскиот претседател Доналд Трамп – пенкало, порака на хартија и, како што рече, клучеви од Белата куќа.

„Ова е пенкало што ќе го чувам за себе, го добив од Доналд Трамп. Тој ми го даде и мене …”, започнал Вучиќ, на што еден од новинарите го прашал дали со тоа пенкало го потпишал договорот со Косово.

„Не, не, не, само претседателот Трамп потпишува со ова пенкало. И тој ми го даде тоа пенкало, како што ми напиша порака на парче хартија … и сега ја барам таа порака, да не ја објаснувам …”, рекол Вучиќ, а потоа некој од страна споменал клучеви, на што Вучиќ додал:

„И ги добив клучевите од Белата куќа, тој (Трамп) ми рече: ‘Ова е за да можете секогаш да влезете во Белата куќа’“, рекол Вучиќ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични