Утрински Весник
Свет

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат.

Врховниот суд ја укина пресудата со која се легализираше правото на абортус пред 50 години низ целата земја.

Врховниот суд денеска го поништи случајот Ро против Вејд, сметајќи дека федералното уставно право на абортус повеќе не постои. Пресудата ќе ги трансформира правата за абортус во Америка, а некои држави сега можат да ја забранат процедурата.

Се очекува половина од американските држави да воведат нови ограничувања или забрани.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот