Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во кочанско ја продавале дрогата нелегално

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар.

Полицијата вчера приведе три лица – Д.Б.(41) од село Другово, кичевско, Г.П.(31) од Скопје и А.А.(31) од Кочани, поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога, при што се запленети над шест килограми марихуана.

Според информациите на МВР, на почетокот на овој месец спроведена е истрага поради сомнение дека во фабрика за производство на канабис за медицински цели во село Уларци се одгледува марихуана со цел да биде продавана на илегалниот пазар. Од Министерството наведуваат дека биле обезбедени докази дека три лица вработени во фабриката се инволвирани во неовластено производство и продажба на марихуана.

Вчера во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шест килограми дрога и бил приведен. Во фабриката биле приведени и Г.П. и А.А.

Во текот на истрагата било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено да ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична