Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Белград сослушување на манијак кој се соблекол пред пет малолетнички

(Видео) Во Белград сослушување на манијак кој се соблекол пред пет малолетнички

Белградската полиција го уапси 19-годишниот, Н.М, осомничен за пет дела сексуално вознемирување на штета на малолетници кој денеска е на изведен на сослушување, пренесува порталот „Телеграф“.

Од обвинителството во Белград за „Телеграф“ изјавиле дека момчето се испрашува за три дела за полово вознемирување на територијата на општина Раковица и два дела за полово вознемирување во општина Чукарица.

Од обвинителството наведуваат и дека од петте вознемирени девојчиња, едната е постара од 14 години, додека другите се помлади, што претставува и потешка правна квалификација.

„Три девојчиња го препознаа“, соопштиле од обвинителството, истакнувајќи дека по сослушувањето, на 19-годишникот ќе му биде одреден притвор.

Претходно, во јавноста се појавил лик на човек за кој се утврдило дека не е виновен за овие дела, додаваат од белградското обвинителство.

Тој човек бил уапсен, но девојчињата не го препознале, а имал и алиби.

19-годишникот, Н.М. бил уапсен во текот на вчерашниот ден, пренесува „Телеграф“.

Во јавноста претходно се појавија две снимки на кои се гледа како млад човек ги слекува панталоните пред две девојчиња.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот

СЗО соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН