Утрински Весник
Свет

(Видео) Вооружен маж пред седиштето на ОН во Њујорк, полицијата блокираше улици

(Видео) Вооружен маж пред седиштето на ОН во Њујорк, полицијата блокираше улици

Седиштето на Обединетите нации во Њујорк е под полициска блокада, јавуваат странските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=vlbctfFDdb4

Според неофицијални информации, полицијата добила дојава за маж кој бил вооружен со сачмарка, тврди Спутник.

Според медиумите, полициски хеликоптер е задолжен за областа.

На вработените во Обединетите нации им беше препорачано да останат во засолништето додека не заврши полициската акција.

„ Добивме повик дека на аголот на улицата 42 и Првата авенија е забележан вооружен маж“, изјави извор од полицијата.

Можете да прочитате

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење