Утрински Весник
Свет

(Видео) Вооружени цивили во зградата на американскиот Конгрес, во тек е евакуација на државните претставници

(Видео) Вооружени цивили во зградата на американскиот Конгрес, во тек е евакуација на државните претставници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Капитол во САД е затворен поради напната ситуација со демонстрантите, откако членовите на Конгресот ја започнаа седницата за да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден.

Симпатизерите на американскиот претседател Доналд Трамп се судрија со полицијата во близина на зградата на Капитол, пренесува „Ројтерс“.

Во тек е евакуација на членовите на Претставничкиот дом и Сенатот од зградата на американскиот Конгрес, во која навлегоа поддржувачите на Доналд Трамп, откако претходно денеска тој им се обрати со говор во Вашингтон.

Демонстрантите влегоа во салата на Сенатот. Еден од нив застана зад масата на претседателот и извика: „Трамп победи!“.

Некои од демонстрантите се облечени како Викинзи.

На претставниците на Конгресот и на новинарите кои се евакуираат им е речено да стават маски. Вооружени цивили биле видени во зградата на Конгресот, па полицијата употребила солзавец.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски напад врз пристаништето во Одеса

Зеленски: ЕУ покажа единство со помошта од 90 милијарди евра

САД со масовен напад врз цели на Исламска држава во Сирија