Утрински Весник
Свет

(Видео) Внукот сведочи како ајкула ја нападнала баба му: Скокна по неа, таа врескаше!

Посетителите на плажа во Јужна Каролина се предупредени да бидат дополнително внимателни на плажите, откако две лица беа нападнати од ајкула на истата плажа во ист ден.

dobivaj vesti na viber

Ужасните напади се случија во водите околу познатата Миртл Бич во Јужна Каролина во понеделникот, при што една жртва беше тешко повредена.

Жената била шиена со часови и биле потребни стотици конци за да се сошие, јавуваат локалните медиуми.

Карен Сајтс, која беше една од жртвите, рече: „Почувствував нешто, претпоставувам, ме касна, а всушност имаше ајкула на мојата рака. Бев во вода до половината – постојано ја притискав ајкулата за да ја одбијам и успеав за еден момент“.

Во тоа време таа била со нејзиниот осумгодишен внук кој бил оддалечен само неколку метри.

За среќа, тој не бил повреден. Рекол: „Не можев ни да ја видам ајкулата како доаѓа, но се што видов е дека ајкулата скокна и ја гризна баба ми, а потоа таа врескаше и штом ајкулата ја допре, таа падна во водата“.

Сајтс беше итно пренесена во болница и се очекува наскоро целосно да закрепне. Но, само неколку часа подоцна, уште едно лице било нападнато.

Полицискиот оддел во Миртл Бич сè уште не објави детали за вториот напад, но плажата беше затворена накратко по двата инцидента кои се случиле на само неколку метри еден од друг.

Можете да прочитате

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос