Утрински Весник
Македонија

(Видео) Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

(Видео) Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Владина делегација составена од министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека која го носи неговото име по повод 8 Декември, државниот празник во негова чест.

Како основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, спаѓа во редот на македонските великодостојници кој ја продолжи мисијата на светите браќа Кирил и Методиј за продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност меѓу словенските народи.

Свети Климент е основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и се втемели во почетоците на македонска писменост и јазик и во негова чест денес се именувани универзитети, факултети, училишта.

Можете да прочитате

Филипче: Граѓаните добија уште едно признание –  во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Османи на Самитот за Одбрана во Атина

ВЛЕН: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите