Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Бројни инциденти на протестите против ковид мерките во Виена

(Видео) Бројни инциденти на протестите против ковид мерките во Виена
300x250 opst2

Илјадници противници на епидемиолошките мерки и на најавената задолжителна вакцинација попладнево протестираат во Виена, а како и претходните демонстрации и овие беа одбележани со инциденти, јавуваат тамошните медиуми.

Според полицијата, на протестот во центарот на Виена се собрале околу 20.000 луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=mQiT2utejtI

За прв пат по протестот, пред насобраните се обратил и лидерот на ФПО Херберт Кикл, кој не можеше да присуствува на претходните демонстрации поради инфекција со коронавирус.

„Некои сè уште не сфатиле што нуди власта“, изјавил Кикл, употребувајќи вулгарни зборови критикувајќи го крајот на карантинот.

Тој посочил дека неговата партија ќе се бори за сите оние кои се уште не го разбрале тоа, бидејќи смета дека тоа е слободарска форма на солидарност. Кикл изразил уверување дека секој ден ќе има се повеќе луѓе кои ќе се креваат против ковид мерките и дека нема да помине долго додека не падне владата.

Учесниците на протестот носеле транспаренти „Не за присилната вакцинација“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“.

За време на протестот дошло до инциденти а полицијата во неколку наврати морала да интервенира и привела повеќе лица, соопштија регионалните медиуми.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари