Утрински Весник
Свет

(Видео) Бил Клинтон задремал на говорот на Бајден?

(Видео) Бил Клинтон задремал на говорот на Бајден?

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изгледа здремал за време на инаугуративниот говор на Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.

На снимките кои по церемонијата се раширија на социјалните мрежи, се гледа дека 74-годишниот Клинтон едвај ги држи очите отворени, а главата често постепено му паѓа надолу за време на обраќањето на Бајден во Капитол.

„Бил Клинтон дефинитивно спие“, вели машки глас на снимка од мобилен телефон емитувана во емисија на Си-би-ес њуз, објавена од корисник на „Твитер“.

Слична снимка, извлечена од телевизискиот извештај на Би-би-си, беше објавена и на „Јутјуб“ под наслов „Бил Клинтон заспа на инаугурацијата на новиот претседател“.

Клинтон на инаугурацијата седеше покрај неговата сопруга Хилари и во близина на поранешниот претседател Џорџ В. Буш и сега поранешниот потпретседател Мајк Пенс.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година