Утрински Весник
Свет

(Видео) Белата куќа им оддаде почит на 500.000 Американци починати од Ковид-19

(Видео) Белата куќа им оддаде почит на 500.000 Американци починати од Ковид-19

САД им оддадоа почит на повеќе од 500.000 починати од Ковид-19, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје до петок, поради трагичниот биланс, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека со едноминутно молчење, со 500 запалени свеќи, на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починаа од коронавирус, а камбаните во Националната катедрала во Вашингтон симболично за заѕвониле 500 пати во чест на починатите.

Претседателот Бајден и се обрати на нацијата по повод трагичниот број на жртви и повика на уште поголемо единство на нацијата во борбата против пандемијата.

САД пријавиле повеќе од 28 милиони случаи на Ковид-19 и 500.264 смртни случаи завчера, а околу 19 проценти од сите смртни случаи поврзани со пандемијата биле пријавени во САД, загрижувачка бројка со оглед на тоа што нацијата сочинува само четири проценти од светската популација, пренесува „Ројтерс“.

„Поминавме полошо од која било друга земја иако сме многу развиени и богати. Имаме 500 000 жртви. Тоа е неверојатна бројка“, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа „Еј-би-си“, според агенцијата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток