Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати. Според него, ДУИ има најдобри резултати во изборните единици 1, 2, 5 и 6.

„Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со неа нема да изгуби ниту еден Албанец. Се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа“, рече Ахмети во Мала Речица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против шест лица за измами со брзи кредити

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино

Обвинителство за „Тотал“: Предметниот јавен обвинител морал да изврши преквалификација поради наодот од супервештачењето, а со тоа настапи и апсолутна застареност