Утрински Весник
Свет

(Видео) Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан додека држел говор на изборен митинг и се наоѓа во критична здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Абе држел говор на митингот кога двапати било пукано кон него. Првиот куршум го промашил, додека вториот го погодил во грбот, по што тој паднал. Новинската агенција Џији, повикувајќи се на кругови од либералнодемократската партија ЛДП на Абе, јавува дека по истрелите 67-годишниот политичар паднал и крварел од вратот. Тој бил итно пренесен во болница.

Портпаролот на јапонската влада соопшти дека е уапсен осомничениот напаѓач, ТВ НХК јави дека кај него било пронајдено огнено оружје.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел