Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментов државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат сите пожари, па ќе се направи анализа и ако се утврди дека сум потфрлил сам ќе си поднесам оставка, порача в.д. директорот на Центарот за управување си кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

Но, како што рече, ако се утврди спротивното, очекува извинуање од тие што го обвинуваат дека не сторил ништо за да ги спречи пожарите во државата.

„Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече Ангелов.

Тој нагласи дека се гордее со тоа што вчера во пожарите нема ниту загинати ниту повредени, а дека материјалното се надоместува.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?