Утрински Весник
Спорт

Видал не исклучува можност да замине во Интер

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал

Барселона, 13 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал изјави дека не исклучува негово заминување од тимот на Каталонците.

– Среќен сум во Барселона, имам одлични соиграчи, но сакам да се чувствувам како важен дел од составот. Во спротивно, ќе мора да размислам за продолжување на кариерата на друго место. Јас сакам да играм. Не е неопходно да се влезе на теренот во сите натпревари, туку да се учествува во најтешките и најважните, во кои се одлучува за судбината на титулите, изјави Видал.

На прашањето дали за него се интересира Интер, тој одговори:

„Имаме одличен однос со тренерот на тимот, Антонио Конте. Тој многу добро знае дека имам менталитет на победник и дека може да ми верува“.

Пред Барселона, Видал играше за Баерн, Јувентус, Баер и Коло-Коло. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум