Утрински Весник
Спорт

Ветеранот Карл освои олимписко злато

Ветеранот Карл освои олимписко злато

Ветеранот Бенјамин Карл, го освоил златниот медал на Зимскиот олимписки игри во соноуборд, во дисциплината паралелен велеслалом.

Карл, во драматичната финална трка, победи благодарение на грешката која ја направи Словенецот Тим Маснак.

Бронзата му припадна на Виктор Вајлд од Русија, кој успеа да го победи Роланд Фишналер од Италија.

36-годишниот Карл го освои второто злато за Австрија во Пекинг. Среброто на Маснак е петтиот медал за Словенија во досегашниот тек од Игрите. Словениците претходно освоија две злата и два бронзи.

> Ветеранот Карл освои олимписко злато <

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација