Утрински Весник
Спорт

Вернер: Премиер лигата ме спушти на земја

Вернер: Премиер лигата ме спушти на земја
300x250 (7)

Тимо Вернер признава дека бил „спуштен на земја“ по проблемите кои ги има со Челси, и додава дека веќе не може да се смета за врвен стрелец, бидејќи бил импресиониран од интензитетот на премиерлигашкиот фудбал.

Вернер пристигна на „Стемфорд бриџ“  од РБ Лајпциг за 47.5 милиони фунти минатото лето со огромна репутација на врвен напаѓач, но по 1:1 ремито против Саутемптон во саботата тој призна дека не ги исполнил очекувањата и дека физичката природа на Премиер лигата не му била позната.

Ss1

„На почетокот, имав некоја слика за себе дека можам да продолжам да ја правам мојата работа тука, но последните месеци бев спуштен на земја. Начинот на игра во Англија е тоа што немаш тивок натпревар. Фудбалерите се 1.9 метри високи, физички брутални и многу брзи, вклучувајќи ги и дефанзивците. Импресивен е интензитетот со кој се игра Премиер лигата“, вели 24-годишниот Вернер во интервју за германскиот магазин „Кикер“.

> Вернер: Премиер лигата ме спушти на земја <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер