Утрински Весник
Спорт

Вернер: Можев да потпишам за Манчестер, Интер или Ливерпул

Челзи потврди, Вернер ќе ги засили „сините“

Лондон, 30 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот Тимо Вернер, кој се пресели од РБ Лајпциг во Челси, зборуваше за неговиот избор на клуб.

– Решив за мојата иднина пред неколку недели. Во принцип, немав никакви проблеми затоа што претходно имав многу време да размислувам за нештата, а и тогаш имаше пауза поради пандемијата од коронавирус. Не е тајна дека имав неколку предлози. Можев да се преселам во Манчестер Јунајтед, Интер или Ливерпул. Неколку врвни клубови се бореа за мене, но решив дека Челси е најдобрата опција за мене и мојата кариера. Во Англија се игра почесто отколку во Германија, така што ќе има помалку време за тренинг, но морам да докажам многу и да дадам се од себе, изјави Тимо Вернер за Goal.com.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата