Утрински Весник
Култура

„Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи со светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција

„Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи со светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција

Првиот долгометражен филм на Калтрина Красниќи е со поддршка од Агенцијата за филм и ќе ја има својата светска премиера на Интернационалниот фестивал во Венеција на 8 септември, а ќе има вкупно 9 проекции во рамките на фестивалските денови.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во филмот главната улога е Вера, играна од страна на актерката Теута Ајдини – Јегени, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори, односно Огнен Антов.

Филмот е влезен во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во Венеција во категоријата Хоризонти и третира тема која всушност е една од носечките елементи на овогодинешното издание на фестивалот.

Текстот „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи со светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“