Утрински Весник
Спорт

Велшкиот репрезентативец Брукс има рак на само 24 години!

Велшкиот репрезентативец Брукс има рак на само 24 години!

Фудбалерот на второлигашот Бурнемаут и на велшката репрезентација, 24-годишниот Дејвид Брукс открива дека медицинскиот тим на Велшката фудбалска асоцијација му дијагностицирал рана фаза на Хоџкинова лимфома, рак на белите крвни зрнца, но очекува да има целосно закрепнување.

Брукс, кој произлезе од фудбалската академија на Манчестер сити, дојде во Бурнемаут од Шефилд јунајтед во 2018 година за 11.5 милиони фунти, и се повлече од двата меча на Велс во квалификациите за СП, а последен меч за клубот му е на 29 септември.

„Ова е многу тешка порака за пишување. Ми беше дијагностицирана втора фаза на Хоџкинова лимфома и почнувам со третманот следната недела. Иако ова беше голем шок за мене и моето семејство, прогнозата е позитивна и сигурен сум дека бргу ќе  закрепнам и ќе се вратам на фудбалот“, напиша Брукс на социјалните мрежи.

Хоџкиновата лимфома се развива во лимфниот систем, дел од имуниот систем на човековото тело и вообичаено се препорачуваат од две до четири рунди на хемотерапија. Брукс, инаку навивач на Манчестер јунајтед, се приклучи на Манчестер сити на седум години, пред како тинејџер да биде ослободен од договорот и да потпише со Шефилд јунајтед. Тој играше за Англија во У-21 репрезентацијата, но потоа играше за Велс, за кои има 21 настапи и беше дел од тимот кој играше на ЕВРО 2020.

> Велшкиот репрезентативец Брукс има рак на само 24 години! <

Можете да прочитате

Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Надал го потврди настапот во Барселона: Сакам да си дадам шанса

Влезниците за Македонија – Фарски Острови се продаваат по 200 и 300 денари