Утрински Весник
Македонија

Велосипедист загина по удар од автомобил, возачот избегал

Велосипедист загина по удар од автомобил, возачот избегал

Велосипедист загина откако во него удрил автомобил, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите.

„Патничко возило кое го напуштило местото на незгодата удрило во велосипед управуван од О.А.(66) од с.Врапчиште, гостиварско. На местото на незгодата починал велосипедистот. Смрт констатирал лекар, а Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари