Утрински Весник
Македонија

Велосипедистите викендов на спортска авантура во Берово

Велосипедистите викендов на спортска авантура во Берово

Во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Малешевска Корија, Берово се одржа настанот „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“. Настанот како што информирше Дина Муцунска претседател на клубот и организатор е поддржан од Агенцијата за млади и спорт во рамки на „Европската недела на спортот“.

„Активноста е поддржана од Агенцијата за млади и спорт преку проектот „Европска недела на спортот“- Be Active за што се заблагодаруваме на менаџерката Александра која ги препозна вредностите на нашето здружение во неговите активности за промоција на планинските спортови и здравите животни навики. За успешна реализација на настанот ни помогнаа општината и градоначалникот, полицијата, брзата помош и докторите кои ќе се погрижат за безбедноста и сигурноста на сите учесници.

Во рамки на турите добивме поддршка од Габи и Васко, сопствениците на куќата на Абланица, кои го ставија на располагање својот двор за пункт за одморање, додека другиот пункт за пауза е на самото езеро, како и од хотел Манастир и неговиот тим, кој ни го даде на располагање својот двор покрај река, за база на настанот каде на крај на турите ќе имаме заеднички ручек и дружење“, рече Муцунска.

Настанот вклучува две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина, како неколку културни објекти, природни знаменитости, Езерото, вековни шуми, пространи видици, многу забава и дружење и е наменет за љубителите на природата, младите, рекреативците, спортистите, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство.

„Денес имавме учесници од цела Македонија и сме многу радосни поради тоа, затоа што речиси сите споделија дека сигурно ќе се вратат и повторно по нови планински активни искуства во беровските планини. За среќа немаше никакви повреди, сите се презадоволни и со насмевки на лице ни се заблагодаруваа за организацијата која им овозможи извонредно поминато време и незборавни спомени“, истакна Муцунска.

Планиннарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово ги стави на располагање за изнајмување своите 25 премиум планински велоспиеди, кои се од голема вредност за развој на планинскиот велосипедизам во регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?