Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Велика Британија прави план за воведување вонредна ситуација поради омикронот

Велика Британија прави план за воведување вонредна ситуација поради омикронот
Img 7972

Владата на Велика Британија прави планови за вонредни состојби во случај болниците, училиштата и другите сектори да бидат погодени од сериозен недостиг на персонал во услови на рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Јавниот сектор се подготвува за отсуство на персонал во опсег од 10 до 25 проценти, бидејќи се повеќе луѓе се разболуваат од Ковид-19 или ги принудуваат на изолација, објави владината канцеларија, пренесуваат тамошните медиуми.

Високо преносливиот омикрон сој предизвика секојдневно зголемување на бројот на новозаразени случаи во Британија за време на Божиќ и Нова Година, со нов дневен максимум од 189.000 регистрирани лица на 31 декември.

Приближно еден од 25 луѓе во Англија, или околу два милиони луѓе, имаа Ковид-19 во текот на неделата пред Божиќ, процени Канцеларијата за национална статистика.

Владиниот министер Стивен Баркли рече дека веќе има значителни отсуства и дека Владата се подготвува за секое сценарио.

„Важно е овие планови за итни случаи да се освежат и да преземеме мерки за да ги ублажиме тие влијанија“, рече Баркли.

Властите во Шкотска, Велс и Северна Ирска воведоа ограничувања за собири поради омикрон сојот.

Министерот за здравство Саџид Џавид, сепак, рече дека новите ограничувања се последното средство за Англија, и покрај растечката стапка на инфекција.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари