Утрински Весник
Култура
300x250 opst2

Велигденски концерт на Танец

Велигденски концерт на Танец
Img 7972

После успешниот почеток на новата концертна сезона на Танец „Печат на времето“, со серијата прекрасни концерти низ земјава, во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје, на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“, Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ како и секоја година, традиционално ви го најавува големиот Велигденски концерт.

На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница.

Ова е ретка можност и жителите на главниот град да го видат културниот амбасадор „Танец“, кој е на прагот на една особено динамичната меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка.

Велигденскиот концерт ќе се одржи на 19 април во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот. Билетите чинат 600 денари и од денеска се пуштени во продажба.

Текстот Велигденски концерт на Танец е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“