Утрински Весник
Македонија

Ведро и студено утро со температури до минус 20

Ведро и студено утро со температури до минус 20

Утрово ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -7, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во делови од Пелагонија утринската температура ќе биде околу -20, а максималната околу -7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне до 0 степени.

Ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата