Утрински Весник
Македонија

Ведро и студено време, со северен ветер

Ведро и студено време, со северен ветер

Времето наутро ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра