Утрински Весник
Свет

Ватикан со појаснување на изјавите на папата за хомосексуалците – биле извадени од контекст

Ватикан со појаснување на изјавите на папата за хомосексуалците – биле извадени од контекст

Во писмо испратено до амбасадорите, Ватикан појаснува дека изјавите на папата Франциско во врска со истополовите бракови во неодамнешниот документарец се извадени од контекст и дека црквата нема да ја смени својата доктрина во врска со истополовите бракови.

Документарецот „Франческо“ ја имаше својата премиера на 21 октомври на Римскиот филмски фестивал, а заврши на насловните страници на сите светски медиуми затоа што папата во него вели дека хомосексуалците имаат право да основаат семејства и дека е потребно да се регулираат истополовите бракови.

Ваквата изјава на папата наиде на одобрување од либералите, а конзервативците веднаш побараа да се прецизира контекстот во кој е дадена истата.

Државниот секретаријат на Ватикан минатата недела тивко испратил објаснување до своите амбасадори, кое потоа било порследено и до бискупите.

За писмото најпрво пријавил папскиот биограф. Извор од Ватикан го потврди неговото постоење, а амбасадорот на Ватикан во Мексико го објави на својата фејсбук-страница.

Во него се наведува дека две од изјавите на Франциско, кои се одговори на две различни прашања, биле монтирани во една изјава, исечени без прашањата.

„Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца и имаат право на семејство. Никој не смее да биде отфрлен и никој не смее да се чувствува мизерно поради тоа“, рече папата во филмот.

Режисер на документарниот филм, е Русинот со американско државјанство, Евгениј Афинеевски, кој рече дека разговарал со папата за филмот, но новинари подоцна откриле дека конкретната снимка е земена од интервју што Франциско го дал во 2019 година за мексиканска телевизија.

Афинеевски по премиерата на филмот не сакаше да разговара за процесот на монтажа, ниту пак е достапен за коментар во однос на писмото на Ватикан до амбасадорите.

Во него се наведува дека папата во првата своја изјава зборувал за правото на хомосексуалците да бидат прифатени од нивните семејства. Дел од публиката го толкуваше тој дел од изјавата како поддршка на Франциско за основање на семејство во истополова заедница.

Во писмото се наведува и дека во филмот е отсечен делот во кој папата се противи на хомосексуални бракови и дека тој зборувал за вонбрачна заедница во контекст на граѓанските закони за животно партнерство.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна