Утрински Весник
Македонија

Василевска: Mолк од СДСМ и другите политички партии за Декларацијата за Гоце Делчев, доставена од ВМРО-ДПМНЕ

Василевска: Mолк од СДСМ и другите политички партии за Декларацијата за Гоце Делчев, доставена од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како што знаете веќе достави до Собранието Декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаме, рече таа, дека оваа декларација треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава, Република Македонија.

Само со единство, достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, оценува Василевска, постои можност дополнително да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството.

„Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ја најавивме оваа Декларација и истата е веќе поднесена до Собранието, три дена имаме молк од СДСМ и останатите политички партии во Мкаедонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе одна ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата почит кон оваа централна личност од македонската историја“, додаде таа.

Повика на заедничко обединивање и да се донесе Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да се покаже како што рече дека за вакви битни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни