Утрински Весник
Македонија

Вархеји разговарал за Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Вархеји разговарал за Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христија, Мицкоски.

Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша Вархеји на Твитер.

Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.са/с

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Измама: Му ветиле работа во црква, ја фотографирале личната карта и му земале кредит од 3.500 евра

Благајничка си земала пари од фирмата каде работела

Стар, мал и ограничен, колегите ни се смеат – Сиљановска-Давкова за владиниот авион