Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Вардар нема победа во ЛШ од октомври, Елверум извлече реми во Скопје

Вардар нема победа во ЛШ од октомври, Елверум извлече реми во Скопје
300x250 opst2

Двократниот европски шампион Вардар не успеа да ја забележи само втората победа во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони, откако во Скопје, норвешкиот Елверум во драматична завршница извлече 4:34 реми.

Вардар во необичната сезона во ЛШ, во која огромен број нивни натпревари беа одложувани поради пандемијаа на КОВИД-19, нема победа во натпреварувањето од таа над Флензбург на 15 октомври минатата година.

Во неизвесното прво полувреме, водството се менуваше постојано, но ниту еден тим не успеа да направи поголема разлика од 2 гола. „Црвено-црните“ потоа се покажаа како поквалитетен тим, правејќи +4 разлика по 40-тина минути игра, за на крајот да им избега победата во самиот финиш на мечот.

Анте Гаџа беше најефикасен со осум постигнати голови, Иван Чупиќ стигна до шест, додека капитенот Стојанче Стоилов заврши со пет гола.

Фото: РК Вардар

> Вардар нема победа во ЛШ од октомври, Елверум извлече реми во Скопје <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион