Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен против модерните ѕвезди: Меси не е ниту во топ 3 најдобри во историјата

Легендарниот поранешен холандски напаѓач, Марко ван Бастон очигледно нема високо мислење за модерните фудбалски ѕвезди, велејќи дека Лионел Меси не е ниту во топ 3 најдобри фудбалери во историјата на спортот.

34-годишниот Меси во својата кариера освои рекордни седум „Златни топки“ и постигна над 800 гола за своите клубови и својата репрезентација. Но, Ван Бастен, кој освои три „Златни топки“ пред да оди во предвремена пензија поради повреди на само 28 години, не го сместува меѓу најдобрите.

„Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф се тројцата најголеми фудбалери во историјата. Како дете сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше голем пријател и секојдневно ми недостасува. Пеле и Марадона исто така беа неверојатни. Меси е голем фудбалер, но Марадона беше човек кој имаше вистински карактер во тимот. Меси не се става напред кога одиш во војна“, вели Ван Бастен за „Франс фудбал“.

Тој ги спомена и другите големи фудбалски имиња: „Не ги заборавам ниту Кристијано Роналдо, Мишел Платини или Зинедин Зидан“.

> Ван Бастен против модерните ѕвезди: Меси не е ниту во топ 3 најдобри во историјата <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0