Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен: Луѓето кои ги споредуваат Меси и Роналдо не го разбираат фудбалот

Ss2

Марко ван Бастен, легендарниот холандски напаѓач и трикратен освојувач на Златната топка, реши да го даде својот глас во вечната дебата за тоа кој е подобар играч, Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Славниот напаѓач на Ајакс, Милан и на холандската репрезентација не бираше зборови за луѓе кои имаат спротивен став.

„Кристијано е одличен играч, но тие што велат дека е подобар од Меси немаат поим за фудбалот или самите не веруваат во она што го зборуваат. Меси е единствен. Невозможно е да се имитира и невозможно е да се повтори. Играч како него е се раѓа еднаш на секои 50 или 100 години. Како дете паднал во тенџерето на фудбалската генијалност“, изјави тој за италијанскиот „Кориере дело спорт“.

Ss1

Интересно, според Ван Бастен, ниту еден од нив нема место меѓу тројцата најдобри играчи во историјата.

„Тројцата најдобри досега се Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф. Кројф ми беше пријател и многу ми недостига. Како дете секогаш сакав да бидам како Кројф. Меси е одличен играч, но Марадона секогаш носел повеќе лидерство во тимот. Меси никогаш пред соиграчите не се поставува како личност која ќе ве води во војна“, заклучи легендарниот Холанѓанец од Утрехт.

> Ван Бастен: Луѓето кои ги споредуваат Меси и Роналдо не го разбираат фудбалот <

Ss1

Можете да прочитате

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце