Утрински Весник
Спорт

Валентино Роси се уште е позитивен на коронавирусот

Валентино Роси се уште е позитивен на коронавирусот

Иако поминаа дваесетина дена, италијанскиот Мото ГП возач, Валентино Роси се уште е позитивен на коронавирусот. Мали се шансите тој да вози на неделната трка во Валенсија.

Деветкратниот светски шампион позитивен на Ковид 19 е од 15 октомври. Се надева дека до петок ќе добие два негативни теста, во спротивно на патеката популарниот „Доктор“ ќе биде заменет од Герет Герлоф.

„Овој вирус е многу компликуван и сериозен. Два дена се чувствував лошо, а веќе неколку дена сум потполно добар, на свои 100%. Бев во изолација, ги слушав докторите. За жал, се уште сум пзитивен. Имам уште две шанси до петок да се вратам на патеката затоа што се чувствува добро и едвај чекам да седнам на моторот и да се видам со тимот“ вели Роси.

> Валентино Роси се уште е позитивен на коронавирусот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ