Утрински Весник
Спорт

Валенсија бара одложување на мечот со Аталанта: „Сан Сиро“ е ужасен

Валенсија бара одложување на мечот со Аталанта: „Сан Сиро“ е ужасен
Screenshot

Милано, 19 февруари 2020 (МИА) – Валенсија побара одложување на вечерашниот меч против Аталанта во Милано во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони. Шпанскиот клуб како причина за тоа ја наведе лошата состојба на тревникот на „Сан Сиро“.

Во последните 20-тина дена на „Сан Сиро“ асе одиграа дури 11 натпревари што, секако, оставија траги на подлогата. Претставници на Валенсија направија обиколка на теренот и се официјално се обратија до УЕФА за одложување на мечот.

Screenshot

Аталанта своите мечеви како домаќин во Европа ги игра во Милано од причина што нејзиниот стадион во Бергамо не ги исполнува строгите критериуми на УЕФА. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реал Мадрид со проблеми пред финалето на ЛШ

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!