Утрински Весник
Македонија

Вакцинацијата на здравствените работници ќе заврши најмногу за две недели, најави Филипче

(Видео) Првите здравствени работници во Македонија примија вакцина против коронавирус

Исклучително е висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат, оцени министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што најави, во следниот период, не повеќе од 10 до 14 дена ќе биде завршен процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 коишто работат со ковид-пациенти.

„Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата“,  истакна Филипче.

Министерот изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој Термин“ со возраст над 70 години и хронични болести.

„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи“, истакна Филипче.

Посочи дека утрово директорот на Стопанска Банка на средбата по повод донацијата му посочил дека интересот во Грција на здравствените работници е многу мал, околу 25%.

„Сметам дека интересот на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал за целокупното население тие да се вакцинираат. Дополнително, ние планираме и кампањи, повици преку матичните лекари. Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме кога беше епидемијата со морбили, ќе го направиме и сега“ – потенцираше министерот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт