Утрински Весник
Свет

Вакцината против коронавирус послабо делува кај болните од мултипен миелом

Вакцината против коронавирус послабо делува кај болните од мултипен миелом
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Познато е дека вакцините против коронавирус помалку ги штитат луѓето со мултипен миелом, како што е поранешниот американски државен секретар Колин Пауел, кој почина вчера од компликации предизвикани од Ковид-19 и покрај вакцинацијата.

Објавувањето на нова студија фрла светлина врз ранливоста на пациентите со мултипен миелом на коронавирус.

Студијата, која ќе биде објавена во „Cancer Cell“, открива дека овие пациенти не само што произведуваат помалку неутрализирачки антитела како одговор на вакцините, туку имаат и слаб одговор на Т -клетките на имунолошкиот систем.

Антителата го напаѓаат вирусот додека циркулира во телото, Т-клетките ги напаѓаат заразените клетки или произведуваат важни сигнали што доведуваат до други имунолошки реакции, ограничувајќи го ширењето на инфекцијата.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“