Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 % кај деца на возраст меѓу 5 и 11 години

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 % кај деца на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирус е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето на симптоматски инфекции кај деца на возраст од 5 до 11 години.

За време на тестирањето, 16 деца кои примиле плацебо биле заразени со Ковид-19, во споредба со три деца кои биле вакцинирани, изјавија од „Фајзер“ при доставувањето на документацијата до американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Клиничките испитувања на деца на возраст од пет до 11 години не се дизајнирани првенствено за да ја измерат ефикасноста против Ковид-19, туку да направат споредба на количината на неутрализирачки антитела кај вакцинираните деца со оние кај возрасните.

Врз основа на овие резултати, од „Фајзер“ и „Бионтек“ минатиот месец изјавија дека нивната вакцина создала силен одговор кај децата.

Можете да прочитате

Техеран тврди дека воспоставил нова воена хиерархија на Блискиот Исток

Израел усвои закон за смртна казна за Палестинци осудени за убиства на Израелци

Индија го започнува пописот на населението со ангажман на три милиони службеници