Утрински Весник
Спорт

Важна победа за Уругвај, Колумбија ја продолжи црната серија

Важна победа за Уругвај, Колумбија ја продолжи црната серија

Еквадор и Уругвај се чекор поблиску до пласман на Светското првенство во Катар. Еквадорците ремизираа во Перу, а Уругвај ја декласира Венецуела.

Уругвај, се врати во трката за четвртото место. По серијата од четири порази и смената на селекторот Оскар Табарез, Уругувајците победија во Парагвај и дома против Венецуела.

Бентакур, Де Араскаета и Кавани ги решија дилемите околу победникот веќе во првото полувреме. До крајот погоди и Луис Суарез од пенал, а честа на Венецуела ја спаси Мартинез.

Еквадор освои важен бод во Перу, благодарение на голот на Естрада во втората минута. Коенчните 1:1 ги постави Флорес во 69.минута.

Колумбија, во Аргентина, ја продолжи црната серија. Аргентиците славеа со голот на Лаутаро Мартинез. Колумбија на последните седум натпревари нема постигнато гол.

Бразил со головите на Рафиња, Кутињо, Ентони и Родриго го победи Парагвај со 4:0.



Табела: 1. Бразил 39, 2. Аргетнина 35, 3. Еквадор 25, 4. Уругвај 22, 5. Перу 21, 6. Чиле 19, 7. Колумбија 17, 8. Боливија 15, 9. Парагвај 13, 10. Венецуела 10.

До крајот на квалификациите Еквадор ќе гостува во Парагвај и ќе ја пречека Аргентина, Уругвај ќе го пречека Перу и ќе гостува во Уругвај, Перу гостува во Уругвај и ќе му биде домаќин на Парагвај, а Чиле ќе гостува во Бразил и ќе го пречека Уругвај.

> Важна победа за Уругвај, Колумбија ја продолжи црната серија <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија