Утрински Весник
Култура

„Б.Ц. Брас“ за прв пат во Скопје со оперски арии изведени на лимени дувачки инструменти

Ss2

Во петок, во 20:00 ч., во малата сала на „Н. У. Филхармонија“, љубителите на звукот на лимените дувачки инструменти ќе можат да уживаат во настапот на ансамблот „Б.Ц. Брас“ (Balkan Connection Brass).

Ансамблот ќе настапи со својата нова програма насловена како „Опера Брас“, која ќе ѝ овозможи на публиката да ги слушне најпознатите оперски арии и увертири, изведени со сосема поинаков, лимен звук.

Ss1

„Б.Ц. Брас“ е ансамбл составен од најдобрите музичари на лимени дувачки инструменти од Словенија, Хрватска и Србија, кои имаат долгогодишно искуство во камерното, оркестарското и солистичко музицирање.

„Овој состав од самиот свој почеток се обидува да наметне високо квалитетни изведби на едни од најсложените предизвици во камерното музицирање за брас квинтет. Своето знаење, членовите на овој состав го имаат стекнато преку усовршување на најпрестижните музички факултети во Европа и пошироко, кај едни од најпознатите педагози за лимени дувачки инструменти, освојувајќи повеќе награди на реномирани музички натпревари. „Опера Брас“ е најава за она што нѐ очекува на второто издание на „Скопје Брас Фестивал“ – денови исполнети со добропознатиот звук на лимените дувачки инструменти и прославување на брас културата.“ – изјави Александар Ниниќ, Претседател на „Макбрас Асоцијација“ и организатор на „Скопје Брас Фестивал“.

Влезот на концерот е бесплатен и поканети се сите кои сакаат да го збогатат и освежат своето секојдневие со нешто ново и, секако, да уживаат во квалитетна музика. Капацитетот на салата ограничен до 300 лица и вратите ќе бидат отворени до пополнување на капацитетот, информира организаторот.

Настанот е поддржан од „Министерставо за култура“, „Град Скопје“ и „Макбрас Асоцијација“.

Текстот „Б.Ц. Брас“ за прв пат во Скопје со оперски арии изведени на лимени дувачки инструменти е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“