Утрински Весник
Култура

Бура од емоции со Лука Дебарг на „Охридско лето“

Безвременското музичко патување што го приреди виртуозниот пијанист Лука Дебарг од Франција предизвика бура од емоции кај фестивалската публика на „Охридско лето“ која вчеравечер беше присутна на концертот во црквата „Света Софија“.

dobivaj vesti na viber

Беспрекорното музицирање на младиот но исклучително талентиран француски пијанист резултираше со бурни и стоечки овации и неколку бисеви, а младиот уметник возврати на оддадената почит со изведба на дела од класичниот репертоар во траење од над два часа.

„Прекрасно се чувствувам, настапував во фантастично место со невидена енергија пред топла публика во овој посебен и уникатен град. Пресреќен бев што свирев вечерва тука и што добив извонредни повратни реакции од публиката. Ги свирев Моцарт, Шопен, Равел, Лист… Ова ми е последниот концерт за оваа сезона. Наредната ми започнува во септември така што планирам наредните денови да одморам“ – изјави пијанистот Дебарг.

По завршувањето на концертот, младиот уметник Лука Дебарг се фотографираше и делеше автограми на публиката која чекаше во ред за да му се заблагодари за прекрасно поминатата вечер на „Охридско лето“.

Роден во 1990 година, Лука има необичен пат до успехот. Откривајќи ја класичната музика на 10-годишна возраст, овој иден музичар започнал да ја осознава полека, преку различни интелектуални искуства кои меѓу другото вклучуваат и студии од областа на литературата и филозофијата.

Неговата средба со признатиот педагог Рена Шерешевскаја претставува пресвртница во неговиот живот, а нејзината визија и водство го инспирираат Лука да се посвети целосно и професионално на музиката како негова животна определба.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“