Утрински Весник
Македонија

Булеварот Борис Трајковски ќе биде продолжен до Драчево

Булеварот Борис Трајковски ќе биде продолжен до Драчево

Советот на Град Скопје денеска донесе одлука со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево.

„Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри. На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура“, соопшти Град Скопје.

Од таму велат дека овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

АХВ ја користи службената страница за да си го фали директорот и градоначалникот?

Македонската економија ќе забави во 2027 година, прогнозира Светска банка

Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген: Превенцијата и дигиталното здравство се меѓу македонските приоритети