Утрински Весник
Економија

Бугарија лута на „Гаспром“: Плативме а испораката на гас ни е прекината

Dik 300x250 mk

Стигна реакција и од Бугарија, на која, како што утринава соопшти „Гаспром“, исто така и е прекинато снабдувањето со гас.

Бугарија вели дека веќе целосно ги платила испораките на гас во април и го обвини „Гаспром“ за прекршување на договорот.

„ Во моментов гасот повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.

Тој додаде дека Бугарија ја следи позицијата на ЕУ да не попушта пред руските барања да почне да плаќа во рубли.

Руски „Гаспром“ утринава објави дека и Полска и Бугарија се прекинати со испораката на гас откако тие земји одбија да платат во рубли.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност