Утрински Весник
Македонија

Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана

Бугарија предупредува, но нема да блокира за преговорите со ЕУ

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Во знак на солидарност во борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, Министерството за одбрана на Република Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски за повеќекратна употреба на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

– Заштитната облека може да се користи до 50 пати, што значи до 5 000 работни дена за медицинските лица во првите борбени линии. Донацијата беше врачена на високи претставници од Министерството за одбрана на РСМ денеска напладне на граничниот премин Деве Баир од началникот на кабинетот на бугарскиот министер за одбрана Илија Налбантов, информираат од амбасадата на Бугарија.

Донацијата, како што стои во соопштението, е почеток на претстојните донации од Република Бугарија кон Република Северна Македонија како знак на блискоста на двете држави и на европската и евроатлантска солидарност. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Филипче: За Изборниот законик проблем е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ за изборни манипулации