Утрински Весник
Македонија

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е голем чекор за двете држави, особено во делот на соработката.

„ Македонците и Бугарите се многу блиски братски народи. Затоа влегуваме во решавање на отворените прашања, за нова иднина. Договоривме Бугарија дека прифаќа да го користи името Северна Македонија, тоа значи дека Бугарија нема да го кочи билатералното име. Северна Македонија преку надворешни работи испрати вербална нота до ОН во која изречено се потврдува дека тие се еднакво валидни“, рече Ковачевски.

Македонскиот премиер кажа дека ќе се финализира и Договорот за прекугранична соработка. Тоа значи дека ќе се отвори и граничниот премин „Клепало“, кој би овозможил и подобар туризам и бизнис соработки.

„Двајцата се заложивме да продолжи соработката. Секоја седница од сега натаму ќе се среќава по една од групите со јасни цели и резултати, за да им се покаже на двата народи, дека доброседството има и реални резултати, со соработки, со патување од Софија до Скопје за 20 минути“, рече Петков.

И Ковачевски посочи дека ќе се гради доверба меѓу Македонците и Бугарија.

„Ќе има работни групи за градење на односи кои ќе значат попросперитетна иднина. Сакам да се заблагодарам што веднаш по изборот на новата Влада и мојот избор, го одржа ветувањето да биде првиот кој ќе дојде како гостин во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?