Утрински Весник
Спорт

Бројките од мечот Пол-Мејведер се апсолутно неверојатни

Бројките од мечот Пол-Мејведер се апсолутно неверојатни

Логан Пол и Флојд Мејведер Јуниор ќе заработат фантастично од нивниот егзибициски меч во Мајами минатиот викенд, откако „Мирор“ ги објави цифрите од пеј-пер-вју гледањата, кои се апсолутно неверојатно за меч кој не е во тешка категорија, кој не беше санкциониран од ниту една боксерска федерација и меч во кој не беше прогласен победник.

Иако во мечот немаше многу акција на која боксерските фанови ќе сакаат да се навратат, само од пеј-пер-вју дуелот заработи фантастични 50 милиони долари, преку „Шоутајм“ и „Фанмио“. Вкупниот број на купувања е над 1 милион, во споредба со дуелот за ВБЦ титулата помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, кој го гледаа 800.000 гледачи.

Се верува дека Мејведер добил 25 милиони долари од оваа сума бидејќи му биле гарантирани 50 отсто од приходите, а тука се и 10-те милиони долари за самиот настап. Мејведер изјави дека доби дополнителни 30 милиони долари од спонзори на своите шорцеви.

21-годишниот Пол пак, доби почетни 250.000 долари, и 5 милиони долари до пеј-пер-вју купувањата, но и според проценките над 5 милиони долари од спонзорите.

> Бројките од мечот Пол-Мејведер се апсолутно неверојатни <

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами