Утрински Весник
Култура

Бродвеј: Претставите се играат во септември, билетите во продажба

Бродвеј: Претставите се играат во септември, билетите во продажба

Билетите за театарската сезона на Бродвеј на Менхетен, Њујорк, ќе бидат пуштени во продажба оваа недела, иако претставите ќе може да се играат само од 14 септември, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Тогаш на театрите ќе им биде дозволено да пополнат 100 проценти од капацитетот на публиката во нивните сали, како што истакна гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

„Бродвеј е голем дел од идентитетот и економијата на нашата земја, затоа сме воодушевени што конечно завесите повторно ќе се кренат“, напиша Куомо на „Твитер“.

Илјадници луѓе останаа без работа кога театрите во Бродвеј се затворија во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Владата на Њујорк планира кон крајот на месецов да ги укине повеќето ограничувања, односно забраните воведени поради коронавирусот, но на Бродвеј му треба повеќе време за проби, а на продуцентите им треба доволно време и за да ги рекламираат сите претстави.

 

Текстот Бродвеј: Претставите се играат во септември, билетите во продажба е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“