Утрински Весник
Македонија

Брнс он лајн разговараше со Филипче и Тавилах за ситуацијата со Ковид 19

Брнс он лајн разговараше со Филипче и Тавилах за ситуацијата со Ковид 19

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска се приклучи на онлајн средбата со министерот за здравство Венко Филипче и претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија, Џихане Тавилах.

Како што објави Амбасадата на САД во Северна Македонија на Фејсбук, амбасадорката Брнс се осврна за грантот од 10 милиони долари на УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО), од кои 600.000 долари се назначени за поддршка на помошта на СЗО за напорите за одговор на Северна Македонија во справувањето со Ковид-19.

– Оваа награда е дел од поддршката на САД за Северна Македонија и се гради на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две земји, наведува Амбасадата на САД на Фејсбук.

На средбата амбасадорката Брнс, исто така, истакна дека денеска е Светскиот ден на здравјето, којшто, како што нагласи, е значаен ден за здравствените работници кои моментално се на првата борбена линија против Ковид-19. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”