Утрински Весник
Македонија

Адеми: На маса се опциите и за пролонгирање, и за укинување на државната матура

Адеми: Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Министерот за образвание и наука Арбер Адеми рече дека на маса има опции и за пролонгирање и за укинување на државната матура за оваа учебна година, дека анализи се прават и секоја одлука што ќе се донесе ќе биде мотивирана од најдобриот интерес за учениците.

Одговарајќи на прашање дали ќе прифатат иницијатива и петиција од средношколци државната матура оваа година да не се полага, тој одговори дека на повеќе наврати истакнале дека ја  следат ситуацијата и околностите.

-Така што, сите опции се на маса. Се дискутира и опцијата за пролонгирање на државната матура, но  и за опцијата за укинување на државната матура. Нема простор за загриженост,  бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде  во насока и мотивирана од  најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен. Но, секако, треба да се направат и дополнителни анализи за сите предизвици со кои се соочуваме и за прашањето на државната матура. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци, рече министерот Адеми. хс/са/  

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”